Иџе по обичај „растура“ на Имола – нов подиум за „летечкиот Македонец“

Игор Стефановски – Иџе ја продолжи својата серија импресивни настапи на Имола, откако македонскиот возач го освои второто место на денешната трка од ТЦР-шампионатот што се возеше на легендарната италијанска патека. За Иџе ова е петти подиум на Имола, доволен доказ дека атрактивната патека е голема инспирација за „летечкиот Македонец“.

Во суперинтересна трка Стефановски возеше веднаш до домашниот возач Чекон, кој на крајот сепак побрз, триумфирајќи со само 0,8 секунди подобро време од македонскиот возач. Третото место на денешната трка му припадна на Русинот Леонов.

Втората трка на Имола се вози утре со почеток во 12.15 часот.

Се вчитува...