Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе имаше одличен старт на сезоната во ЕТТЦ шампионатот освојувајќи 4. и 5. место на двете трки во Монца.
По освоеното четврто место на првата трка, на втората денешна трка во Монца, Стефановски стигна до 5. место. Во втората трка македонскиот автомобилист имаше одличен старт пробивајќи се и до 3. место, но по благото излетување во „Лезмо 1“ кривината падна на 6. место, за потоа се врати и заврши на петтата позиција.
Стефановски, мора да се истакне, дека пропушти одлична шанса да дојде на подиумот бидејќи првите тројца беа повторно казнети со по 10 и 5 секунди. Но македонскиот возач, поради излетувањето, заостануваше 11 секунди со што беше невозможно да стигне до подиумот.
По овие две трки во Монца, Игор Стефановски има 9 поени, со кои е на 4. место во генералниот пласман. Во водство е Шрајбер со 20 поени, додека Рипли и Фулин имаат по 17 бода.
Следната трка од ЕТТЦ шампионатот е за две недели во Унгарија. Претходно, Стефановски на 6. и 7. мај со својот Сеат Леон ќе вози за Големата награда на Град Скопје – „Водно 2017“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА