Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе е подготвен за камбек во ТЦР-шампионатот и ќе настапи на претстојната трка што ќе се вози во Италија.
Тој изненади многумина откако ја освои пол-позицијата на патеката Монца, што му дава за право со оптимизам да влезе и во претстојниот предизвик. Иџе ќе се натпреварува во Италија со автомобил SEAT Cupra со секвенционален менува на брзини. Тој во својата гаража ќе го има и вториот автомобил, Хјундаи И30, со кој лани настапи на многу трки ширум Европа.
Првите слободни тренинзи се закажани за петок во 9 и во 13.30 часот, а официјалниот тренинг е закажан за сабота во 9.35 часот. Првата трка ќе се вози в сабота во 15.50 часот, а втората е закажана за недела во 10.50 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА