Иџе со „Хјундаи“ ќе се испроба во ТЦР – серијата

„Летечкиот Македонец“, Игор Стефановски – Иџе, по укинувањето на тркачката серија ЕТЦЦ ќе се испроба во европската ТЦР – серија. Тој ќе вози „Хјундаи и30“, а возилото ќе го подигне непосредно пред стартот на натпреварувањето, и ќе нема многу време за тестови. Но, се надева на нова успешна сезона и во ова ново натпреварување.

„Сакам да им се заблагодарам на пријателите со кои бев и во изминатите сезони, тие се најзаслужни и за оваа нова одисеја. Во последните неколку дена излезе и оваа нова опција, и ќе го дадеме максимумот за да оствариме успешни резултати и во ТЦР-серијата“, изјави Игор Стефановски – Иџе.

 

Се вчитува...