Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски со второ место на трката во Франција. Тој сезоната ја почна со второ место во Сен Жан ди Гар или на патот до врвот Сен Пјер, местото каде што самиот тој ја оствари својата прва победа.
За потсетување тој по пауза од седум години, сезонава повторно вози во Европскиот шампионат на ридски патеки, под капата на ФИА. Тој ги освои пехарите во 2014 и во 2015 година во ова натпреварување, па сега како искусен ќе ја предизвика новата конкуренција, на старите патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА