Иџе Стефановски ја тестираше новата SEAT Ateca … (ФОТО)

Избравме сончев ден за да влеземе во новата  SEAT Ateca со нашиот двократен европски рели шампион Игор Стефановски или уште попознат како Иџе.  Очекувањата кога седнавме во новиот SUV беa Игор да ни овозможи рели возење кое ќе го паметиме. Но, сосема спротивно од замислата скопскиот метеж и питомата природа на Иџе ни овозможи 10 минутно пробивање низ скопските улици, но веднаш чим почнавме да го качуваме Водно и патот се расчисти како да ги ослободи своите крила и едвај дочека да го земе воланот во свои раце како најдобро умее.

Но, мора да признаеме дека новата SEAT Ateca природно ја буди самодовербата на возачот кога ќе се најде зад нејзиниот волан. Она што не изненади е големиот внатрешен простор, врвната технологија која овозможува урбано искуство, како и мајсторската изработка на секој детал која асоцира на динамика, па така лесно беше да се препуштиме на свиоците на патот.

ateca

Кога го прашавме зошто се одлучил токму за овој спорт ни одговори дека тоа е страста за брзина и адреналинот кој го овозможува оваа дисциплина. Неговиот темперамент на прва топка вели дека тој е сталожен, посветен и повлечен човек, но како разговорот и возењето напредуваа така и тој ја откри својата динамична и темпераментна природа која совршено се вклопи со карактеристиките на портокаловиот SUV кој „лепеше“ за патот.

Ова беше навистина едно извонредно тест возење кое ни овозможи одблизу да се запознаеме со предностите на овој шпански бренд кој не случајно во 2016 Seat ja имаше најуспешната година во својата историја благодарејќи на рекордната продажба на автомобили, а SUV моделот Ateca се покажа како голем успех. Или во бројки земено остварија вкупен профит од 143 милиони евра.

idze so ateca

При крајот на минатата година овој модел стана достапен и на македонскиот пазар. Се распрашавме во салноните на Порше Македонија и таа е достапна со турбобензински и турбодизел мотори.  Ateca дефинитвно нуди привлечен дизајн, многу можности за конфигурирање, со типична шпанска емотивност, но и голема функционалност и практичност во германски стил. Би додале на ова, совршена комбинација за градско возење,  но истовремно SUV кој ќе ги задоволи апетитите и на они кои сакаат да се одметнат од градскиот метежи и да крузаат низ попредизвикувачки патеки.

ateca 2

На крајот на ова несекојдневно дружење му посакавме на Иџе многу успех на претстојниот наптеправар во Италија каде ќе настапува на престижниот ETCC или European Touring Car Cup во организација на FIA. Toa e напреварување на кружни патеки, а во една сезона се возат вкупно 6 трки, првата на која земе учество нашиот Игор ќе се одржиа од 28 до 30 април во Монца, Италија.

Тој е двократен шампион на Европското првенство на ридски патеки (победник во 2014 и 2015 година), а од 2016 година се наптреваруваше на ETCC шампионатот со SEAT Leon Cup Racer во клубот LEMA Racing. Од оваа година ќе настапува на истото наптреварување, само со неговиот македонски тим на кои им посакуваме многу успех и среќа и се надеваме дека и по трет пат ќе ги одбрани боите на нашата земја и ќе се закити со уште една титула.

Комерцијален текст

Се вчитува...