Македонскиот ас Игор Стефановски – Иџе продолжува да ја пишува историјата на македонскиот автоспорт! Трикратниот европски шампион во ридски патеки овој викенд ќе дебитира во ЕУРО НАСКАР ПРО, како дел од тимот „Спид хаус С20“, во финалето на шампионатот кој ќе се вози на легендарната патека Золдер во Белгија.
Иџе, на тој начин, станува првиот Македонец кој ќе настапи во оваа престижна серија под лиценца на американскиот Наскар, најпопуларниот автомобилистички шампионат во САД, кој веќе повеќе од една деценија има и своја европска верзија.
„Во 2020 година требаше да возам во ова првенство, но пандемијата го стопираше тоа. Конечно, пред неколку дена добив покана од организаторите да бидам гостин на последната трка во Золдер. Добро е што ја знам патеката, тука имам победа во ЕТЦЦ во 2017 година“ – вели Стефановски.
Иџе вели дека ова ќе биде нов предизвик во неговата кариера, бидејќи ќе вози автомобил кој досега не го пробал, во класата со околу 26 професионални возачи.
„Ова ќе биде моја 201 трка, и со неа отворам ново поглавје. Ќе бидам дел од силна конкуренција – минатата година тука возеше Жак Вилнев, а годинава е и легендарниот Иван Милер. Ова е голема чест, но и огромна мотивација“ – додава македонскиот спортски ас.
Стефановски најавува дека резултатот нема да му биде приоритет, туку запознавање со новиот автомобил и шампионатот, како вовед во можни идни настапи во оваа елитна категорија.

Видеолотарија Касинос Австрија со години стои зад Иџе како негов поддржувач, верувајќи во неговата спортска визија и во македонскиот успех.
„Со истиот дух на страст, храброст и истрајност, ќе продолжиме да навиваме за Иџе – нашиот шампион, кој ја носи Македонија на европските патеки“ – порачуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

„Во 2020 година требаше да возам во ова првенство, но пандемијата го стопираше тоа. Конечно, пред неколку дена добив покана од организаторите да бидам гостин на последната трка во Золдер. Добро е што ја знам патеката, тука имам победа во ЕТЦЦ во 2017 година“