По двете возбудливи трки во ЕТЦЦ шампионатот, на патеката во Монца и на патеката Хунгароринг, утре најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе е исправен пред нов предизвик. Го очекуваат двете трки кои се возат скоро истовремено на патеката Нирбургринг.
Стефановски квалификациите кои предмалку завршија во Нирбургринг, ги заврши на четвртата позиција. Тоа е позицијата од која утре ќе стартува на првата трка. На првата позиција е Шрајбер со Хонда, втор е Фулин, трет Мота, а и обајцата возат Сеат.
Иџе ќе стартува од вториот ред на првата трка утре. Првите четворица се многу блиски, што е најава за интересна трка.
„Во тимот владее добра атмосфера. Посебно по одлично реализираните тренинзи вчера и денес“ – изјави оптимистички Стефановски.
„Се е подготвено за трките утре, на кои очекуваме да се покажеме во моќно издание. Очекуваме добри резултати и мошне интересна трка“ – додава шампионот.
Иџе има вкупно 15 бода, по двете од вкупно шесте трки во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Моментално е петти на табелата, каде лидер е Швајцарецот Шрејбер со вкупно 40 бода.
Преносот и на третата трка на ФИА ЕТЦЦ 2017, ќе може да се следи директно на Еуроспорт 1 и тоа, првата трка во 11:10, а втората во 12:50. Специјализираниот спортски канал Еуроспорт 2 ќе емитува и посебна репортажа за ФИА ЕТЦЦ во сабота во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА