Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе очекувано и повеќе од револтиран откако попладнево не успеа да ја заврши првата трка во Имола од ТРЦ шампионатот, притоа заработувајќи две казни на истата.
Иџе не ја криеше лутината од казните, и фактот дека му беше украдено една од првите три позиции…
„Безвезен викенд… Не сакам да излезе дека се жалиме, но жената на стартот беше таа што ме намести како треба да тргнам, а потоа добив казна од пет секунди. Очигледно не може да се помират дека сме брзи. Не знам што да кажам. Преку глава ми е. Потоа добив нова казна од пет секунди за удар при лизгање, а видете какво е времето, двајцата возачи излетавме… Не ми е јасно, не можат да се помират дека одиме напред декам сме брзи. Криво ми е што не ја искористивме шансата и не се дојдовме до подиум… Утре нека ми дадат и казни ако треба, ама некој ќе лета во трева, мора да дојдеме до подиумот“ – револтирано коментираше Иџе Стефановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА