Двојниот европски првак на ридски патеки, македонскиот возач Игор Стефановски Иџе вечерва го промовираше својот македонски тим, со кој ќе атакува на највисок пласман во новата сезона на Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ). Со својот тим „Стефановски“, нашиот возач верува дека ќе бележи многу успеси и во новата сезона, како што и ја заврши минатата, со триумф и интонирање на македонската химна на Имола.
„Го претставуваме новиот македонски тим „Стефановски“ со кој верувам дека во новата сезона ќе атакувам на уште подобар пласман. Ќе биде тешко, но од друга страна и многу полесно за мене, затоа што зад мене ќе стои цел тим. Се надевам дека и овојпат нема да ги разочарам моите фанови и дека ќе бележиме резултати за почит“, изјави Игор Стефановски Иџе, откривајќи го и автомобилот со кој ќе настапува во новата сезона.
Сезоната во ЕТЦЦ почнува на 28.април во Монца, Италија, а потоа ќе има уште пет трки: Хунгароринг, Унгарија (12-14 мај), Нирбургринг, Германија (25-27 мај), Вила Реал, Португалија (23-25 јуни), Золдер, Белгија (15-17 септември), Мост, Чешка (6-8 октомври).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА