Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, Државна видеолотарија на РМ денес беше местото каде паралелно се реализираа неколку хумани активности: крводарителна акција, донација во храна и облека за социјално загрозените групи.
Државна видеолотарија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје, претпладнево во своите простории реализираше крводарителната акција, во која вработените даруваа крв. Акцијата која започна во 9 часот, планот е да стане еден убав хуман настан кој редовно ќе се одржува.
На настанот свој придонес даде и летечкиот шампион Игор Стефановски Иџе кој ги поддржа вработените на Државна видеолотарија во дарувањето крв.
„Пред заокружувањето на годинава, како дел од хуманата мисија, одлучивме уште еднаш да ја поддржиме и солидарноста на екипата на „Ретвитни оброк“, преку донација во прехранбени продукти, со цел да овозможиме социјално загрозените да го задоволат своето основно право, правото на храна. Хуманитарните активности денес ги финализиравме со донација на облека, која ќе биде дистрибуирана до ранливи групи на семејства“ – информираат од Државна Видеолотарија на Македонија.
Со овие активности, од Државна видеолотарија сакаат да ја негуваат и поттикнат солидарноста и одговорноста на вработените во компанија, со цел да се даде придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА