Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на третото место во втората трка од ЕТЦЦ шампионатот во Вила Реал, Португалија, која беше предвреме прекината со одлуката на Контролата на трката поради инцидент на патеката.
Втората трка во Португалија не го дочека својот крај, и извозени 13 круга, откако беше прекината во шестиот круг поради инцидентот на водечкиот во генералниот пласман, Швајцарецот Шрајбер.
Како што соопштија од ЕТЦЦ, поради оштетување на заштитната ограда покрај патеката трката нема да продолжи, а за конечни се официјализираат резултатите по шестте извозени круга. На тој начин, Стефановски, кој пред инцидентот се наоѓаше на третата позиција, се најде на подиумот а пред него завршија бугарскиот возач Кралев на второто место, и победникот Шабо од Унгарија.
Игор Стефановски првата трка на Вила Реал ја заврши на четвртото место. Поради прекинатата трка, возачите ќе добијат по половина бодови од предвиденото. Стефановски од Португалија носи дополнителни три бода за генералниот пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА