Нервозни се фановите на Евертон поради очајната форма на нивните миленици, но тоа не е никакво оправдување за примитивното однесување на овој навивач, кој во едната рака го држеше својот син, а со другата замавна да го удри голманот на Лион на вечерашниот меч на „Гудисон парк“.
Дефанзивецот Ешли Вилијамс почна инцидент во кој се вклучија фудбалерите на двете екипи, но гостите беа шокирани откако еден навивач на Евертон, згора на тоа со дете во раце се обиде да се пресмета со голманот Лопез.
So It Kicks Off @Everton & A Geeza In The Striped Tracksuit Top With A Kid Jumps In & Gets Involved,You’ve Got Ya Boy In Ya Arms…SMFH pic.twitter.com/6GCqi0RLWm
— MᴏᴠɪᴇCᴀᴠᴇDᴀᴠᴇ (@MovieCaveDave) October 19, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА