Претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноеел ле Грае изјави дека одлуката околу иднината на Дидие Дешамп на клупата на репрезентацијата, ќе биде позната идната недела после собранието на федерацијата закажана за следниот викенд.
Договорот на Дешамп истече на 31. декември, две недели откако Франција беше поразена од Аргентина во финалето на Мундијалот во Катар. Селекторот Дешамп и Де Грае имаа состанок на 29. декември, но не постигнаа договор за продолжување на соработката.
Ле Грае, сепак, објасни дека иднината не зависи од Собранието на федерацијата. Според пишувањата, постојат преговори само околу должината на договорот од двете страни.
Дешамп е селектор на Франција од 2012 година, водејќи го тимот до светска титула во 2018, и финале во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

