ФФМ го номинираше основното училиште и ресурсен центар “Иднина”, кое доби финансиска поддршка за реализација на инклузивната фудбалска програма „Touch the Goal – Фудбал за секое дете“.
Со цел да се одбележи почетокот на проектот, учениците беа гости на еден од тренинзите на нашата репрезентација.
Програмата ќе обезбеди прилагодена опрема, обука за наставници и врсничка поддршка за ученици со аутизам и други комплексни образовни потреби. Ова признание е дел од пошироката иницијатива на УЕФА за подобар живот и развој на децата преку спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

