Иднина и инспирација: Елмас му го подари дресот на Јане Велковски (ФОТО)

Едниот е асоцијација за македонската фудбалска иднина – Елиф Елмас. Најдобар младински фудбалер во Македонија, репрезентативец, од Работнички направи супер-трансфер во Фенербахче.

Вториот е животна инспирација за сите Македонци, за сите луѓе низ целиот свет – Јане Велковски. Младото момче, кое има неверојатна животна енергија која ја црпи преку фудбалската игра. За него дури и животот врзан за количка изгледа многу посветло поради фудбалската игра.

IMG_1191

Елиф Елмас, кој го заборавил својот дрес со кој играше на Европското првенство, на мечот против Португалија, а го доби како подарок, од економатот на ФФМ токму на оваа манифестација, реши веднаш да му го подари на Јане Велковски. Покрај „двојката“ на Елмас, Јане доби и „единица“, по своја желба, дрес од фудбалската репрезентација на Македонија. Исто како и часовник од компанијата „Божиновски“.

IMG_1140

IMG_1166

Се вчитува...