Иднината на аргентинската ѕвезда во Рома, Пауло Дибала е се понеизвесна. Договорот на 32-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, а раководството на „волчицата“ се повеќе се двоуми дали да му го продолжи.
Главниот проблем околу кој се „крши“ управата е платата која изнесува 8 милиони евра, што е моментално над финансиските можности на клубот. СЕкоја нова понуда би била за значително помал износ, и прашање е дали Дибала ќе прифати.
Минатото лето беше направен обид неговата плата да се распореди на подолг рок, но тие преговори пропаднаа. Исто така друг проблем се и честите проблеми со повреди на Аргентинецот, кои исто така влијаат на конечната одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

