Кингсли Коман, еден од најтрофејните фудбалери на денешницата даде „зелено светло“ за преселба во Саудиска Арабија каде за неговите услуги постои голем интерес од Ал Наср кој на Французинот гледа како едно од последните парчиња во сложувалката за доминантна сезона.
Личните услови се веќе договорени па одлуката за негов трансфер сега му припаѓа само на Баерн Минхен кој доколку се откаже од услугите на 29-годишникот ќе заработи околку 30 милиони евра.
Коман е дел од Баерн Минхен веќе 10 години, а претходно настапуваше и за ПСЖ и Јувентус освојувајќи 30 титули вклучувајќи ја и репрезентацијата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

