Новото коло натпревари во Летната лига на НБА донесе суперинтересна средба на „иднината“ на најсилното кошаркарско првенство откако силите си ги одмерија првиот и вториот драфт пик.
За разлика од дебито кога потполно потфрли, овој пат Купер Флег беше прво име во редовите на Далас со 31 постигнат поен и четири скокови, но истите не беа доволни за неговиот тим да не забележи пораз од 76-69 од страна на Сан Антонио.
Дилан Харпер, вториот пик пак беше вториот најдобар стрелец во тимот на Сан Антонио со 16 поени и шест скокови зад Гарсија кој постигна 21 поен и додаде по пет скокови и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

