Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2018 година и во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Фудбалерот на Реал Мадрид, кој со клубот ја освои Лигата на шампионите, а со националниот тим играше во финалето на Светското првенство во Русија, го освои признанието со 272 бода, дури 128 повеќе од второпласираниот Лионел Меси. На третата позиција се најде Еден Азар.
Модриќ претходно ги доби сите можни поединечни признанија, а се очекува да биде добитник и на „Златната топка“.
За најдобар голман, според ИФФХС, е избран Тибо Куртоа, белгискиот репрезентативец кој беше лауреат и на Мундијалот во Русија. Второто место му припадна на Хуго Лорис, а на третата позиција се најде Џанлуиџи Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА