Една од најдобрите тенисерки на денешницата и освојувачка на годинашниот Вимблдон, Ига Швјонтек стигна до титулата на ВТА мастерс 1000 турнирот во Синсинати.
Полската тенисерка во финалето на турнирот во Охајо славеше над Италијанката Јасмин Паолини со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-4.
И двете тенисерки сега ги очекува настап на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

