Игита околу „пријателството“ со Ескобар – Властите бараа од мене да го предадам

Легендарниот колумбиски голман Рене Игита се потсети на настаните од 1993 година кога бил под голем притисок од властите во земјата поради акциите за апсење на најголемиот нарко-бос на сите времиња, Пабло Ескобар.

„Кога почна потерата по Пабло Ескобар почнаа да ги апсат сите негови пријатели. На мене ми правеа притисок да го предадам, но јас навистина не знаев ништо. Не бев негов пријател. Луѓето мислеа дека сум му пријател бидејќи одев да го посетам во затвор. Властите знаеја дека сум невин, но поради моите посети морав да бидам дел од истрагата“, изјави Игита. 

Пабло Ескобар беше убиен на 2. декември 1993 година во Меделин. Игита за репрезентацијата на Колумбија забележа 68 настапи, а професионалната фудбалска кариера ја заврши во 2009 година.

Се вчитува...