Кошаркарскиот клуб Партизан наскоро ќе го официјализира новото летно засилување. Тоа е српскиот крилен центар Марко Накиќ кој од Игокеа се враќа во родниот град, потврди и клубот од Босна и Херцеговина со наслов „Од Игокеа во Евролига“.
Сега 23-годишникот кој во минатото беше дел и од Реал Мадрид, последните две сезони ги помина во редовите на Игокеа. Изминатата сезона настапи на 27 натпревари во АБА лигата каде бележеше просек од 8.3 поени и 2.6 скокови, а бележеше и 4.2 поени и 2.7 скокови во просек на шест одиграни средби во ФИБА Лигата на Шампиони.
По Реал Мадрид тој настапуваше и за Андора и Остенде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА