Игор Алексовски е нов голман на албански Фљамуртари

Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски потпиша договор со албанскиот прволигаш Фљамуртари.

За Алексовски ова ќе биде прво интернационално искуство откако летово по неколку сезони се раздели со Работнички.

Игор Алексовски во кариерата беше дел и од Македонија ЃП, Вардар, Шкупи и Ренова.

Се вчитува...