Македонскиот репрезентативен голман, Игор Алексовски, по три години во редовите на Работнички сосема извесно ја завршува кариерата во албанската Суперлига, во редовите на екипата на Влазнија од Скадар.
Во јуни истече договорот на 30-годишниот Алексовски со „романтичарите“, па како слободен фудбалер, се одлучува за старт на интернационална кариера, откако претходно настапуваше единствено во домашниот шампионат, покрај за Работнички, и за екипите на Македонија ЃП, Вардар, Шкупи и Ренова.
Според последните информации од албанските медиуми, двете страни веќе се пред договор кој треба да се официјализира наредниот период со стартот на подготовките на тимот за новата сезона.
Работнички, како замена за Алексовски, веќе го ангажираше младинскиот репрезентативец на Македонија, досегашен голман на Гостивар, Васко Василев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

