Игор Ангеловски – Мрме поднесе оставка од Етникос Ахна

Петте порази по ред и влегувањето во зоната за испаѓање, го натера Игор Ангеловски – Мрме да поднесе оставка од фунцкијата прв тренер на кипарски Етникос Ахна. Со тоа Ангеловски се задржа на клупата нешто помалку од два и пол месеци.

Поранешниот македонски селектор претрпе пет порази по ред од Аполон, Омонија, Олимпијакос Никозија, АЕК Ларнака и Хлорака, со што утрово имал состанок со раководството на клубот, после кој поднел оставка.

После селекторската позиција, Ангеловски никако не може да се задржи подолго време на клупски план во странство. Ја водеше кратко Горица од Хрватска, па Каспиј од Казахстан, и сега Етникос, но никаде не се задржа подолго од неколку месеци. Претходно беше тренер на Работнички. Тој со репрезентацијата на Македонија играше на ЕП 2021 година.

Се вчитува...