Игор Ангеловски се пресели во Казахстан, стана нов тренер на Каспиј

Поранешниот селектор на македонската репрезентација Игор Ангеловски, после неколкумесечна пауза, одново има нов клуб. Станува збор за тимот на Каспиј од Казахстан. Од клубот не објавија детали околу договорот, односно до кога Ангеловски има договор со овој клуб.

После репрезентацијата на Македонија, Ангеловски го водеше тимот на Горица од Хрватска, но кратко се задржа во клубот и поради лошите резултати, беше сменет.

Во минатото тој беше спортски директор и тренер на Работнички. Во Каспиј игра Стефан Коцев, екс играчот на Брегалница.

Се вчитува...