Игор Бишчан со втор отказ за една полусезона

Игор Бишчан има катастрофална полусезона во својата тренерска кариера откако хрватскиот стратег доби и втор отказ во последните неколку месеци.

Тој ја почна сезоната на чело на Динамо Загреб, но беше отпуштен плаќајќи ја цената за несреќната елиминација од Лигата на Шампионите од грчки АЕК. Бишчан веднаш потоа си најде нов ангажман, и тоа во екипата на Ал Шабаб, но ниту оваа авантура не траеше премногу долго.

Иако потпиша договор на две и пол сезони, Бишчан денеска доби отказ откако воопшто не импресионираше со своите тренерски квалитети, бележејќи само три победи на единаесетте средби колку го водеше овој тим, кој падна на 13. место на табелата во Саудиска Арабија.

Се вчитува...