Долгогодишниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, од вчера и официјално е македонски зет откако реши да ја круниса врската со Душица Андоновка, поранешниот фото-модел што пред седум години го освои срцето на Хрватот.
Нивната врска продолжи и по преселбата на Карачиќ во Киелце, за по завршувањето на сезонава таа конечно да биде крунисана и со брак.
Сестрата на Душица, Марија Андоновска, е во врска со уште еден поранешен ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

