Игор Кесар и Американецот Вилијамс се нови кошаркари на Кожув

Србинот Игор Кесар и Американецот Деонта Вилијамс се нови засилувања на прволигашот Кожув од Гевгелија.

26-годишниот Кесар игра на центарската позиција, висок 210 сантиметри, а во македонскиот тим доаѓа од редовите на унгарскиот ПВСК. Претходно во својата кариера има настапи и за Слога, Напредак, Игокеа, Спартак Суботица како и бугарскиот Балкан.

Американецот Вилијамс, пак, има 24 години и игра на бековската позиција. Во Кожув доаѓа од редовите на Спартак Суботица.

Се вчитува...