Српскиот тренер Игор Кокошков наскоро би можел да се врати во Евролигата и да потпише договор со Анадолу Ефес. Според специјализираниот портал „Basketball Sphere“, Кокошков би можел да стане тренер на тимот на Анадолу Ефес.
Српскиот стручњак имаше желба да се врати во Европа, а турскиот тим е најблиску до потпис со Кокошков. Српскиот тренер не би бил првпат да биде тренер на тим во Евролигата, бидејќи во сезоната 2020/21 беше на чело на тимот на Фенербахче.
Актуелниот тренер на Ефес, Лука Банки, според се, нема да го продолжи договорот со тимот од Истанбул, а прв кандидат за негов наследник е Кокошков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА