Игор Котески е назначен за нов тренер на ракометниот суперлигаш КЛ7. Котевски на местото шеф на стручниот штаб доаѓа на местото на Андон Бошковски кој го напушти кормилото на дебитантот во Суперлигата.
Котески во својата играчка кариера има настапувано за Пелистер, Борец, Јафа-Промет Ресен, Вардар Ватростална, Борaц Бања Лука, Пелистер, РК Македонија а како тренер до сега работел во младинскатa екипа на Вардар, РК Македонија, Драчево, Пролет, Бутел и Металург 2.
„Филозофијата на работа и создавање на млади играчи е заедничка појдовна основа за оваа соработка на прославениот пивот и нашиот клуб. Му посакуваме многу успех и среќа, пред се во обезбедување на опстанок во супер лигата, што е и една од главните цели на клубот оваа година. Покрај тоа Котески ќе работи на надградба на младите играчи во клубот, кои се основа на идните успеси на истиот. Добредојде Игор!“, објавија од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА