Македонскиот судија Игор Митровски е еден од тројцата номинирани судии кој добија задача од ФИБА да го арбитрираат последниот, 56. меч на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое вечерва завршува во Скопје.
Нашиот најдобар судија, во друштво на своите колеги Оскарс Лучис од Летонија, односно Карстен Штраубе од Германија, ќе ја делат правдата на натпреварот Италија-Шпанија, кој ќе одлучи кој ќе биде новиот европски шампион во кадетскат конкуренција односно за играчи „Под 16“ години.
Големото финале на првенството во Скопје стартува од 21.часот, а се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Инаку, освен Игор Митровски, меѓу официјалните лица на турнирот беа и неговиот брат Зоран Митровски, и Томи Панов, кои исто така, сосема добри го реализираа својот дел од обрските кои пред нив ги постави судискиот департмент на ФИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА