Игор Митровски ќе им суди на Дончиќ и Словенија

Најдобриот македонски кошаркарски судија Игор Митровски ќе биде дел од тројката задолжена за делење на правдата на дуелот меѓу селекциите на Словенија и на БиХ.

Словенците предводени од Лука Дончиќ важат за фаворити, но БиХ добро ги намачи Германците во текот на вчерапниот ден, па во секој случај се очекува интересна борба во арената во Келн.

За Митровски ова ќе биде втор натпревар на кој Македонецот ќе им суди на кошаркарите на БиХ, откако нашиот арбитар беше дел од тројката при триумфот на оваа селекција во првото коло против Унгарија.

Се вчитува...