Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе не успеа да ја заврши втората трка во ТЦР шампионатот на Италија кој се возеше на патеката „Валелунга“.
Тој одлично ја стартуваше трката и од 14. успеа брзо да стигне до 8. место, но поради ситни проблеми со автомобилот мораше да ја заврши трката предвеме. Стефановски на првата трка на оваа патека која се возеше денеска заврши на шестата позиција.
Следната трка на која ќе учествува Иџе е во Имола од 23-25 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА