Игор Стефановски Иџе дојде до првата победа во италијанскиот ТЦР шампионат триумфирајќи на патеката Валелунга. Иџе кој е единствениот странец во шампионатот стартуваше од пол позицијата, извозе одлична трка и зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.
Стефановски вечра на оваа патека беше на седмата позиција. Заедно со денешните 25 бода од победата врза успешен викенд и се проби на 10. место во генералниот пласман. До крајот на првенството остануваат уште два викенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА