Игор Стојчевски кандидат да суди финале на ЕП во Израел

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски кој од 2021 година се наоѓа на листата на главните судии на УЕФА, има успешен настап на Европското првенство за млади играчи до 17 години што се одржува во Израел и на кој се борат за европската титулата 16 репрезентации поделени во 4 групи.

Стојчевски веќе отсуди три натпревари.  Холандија-Бугарија 3:1, Германија-Луксембург 3:0 и дербито за првото место во третата група: Данска-Португалија 3:1. Денеска ќе биде четврти судија на првата четвртфинална средба меѓу Италија и Холандија.

По завршувањето на натпреварите во групната фаза, на првенството нема повеќе да судат арбитри од Велс и Финска, како и двајца судии од Израел кои беа слабо оценети од контролорите за својата досегашна арбитража. Покрај Стојчевски, во завршните мечеви ќе судат судии од Франција, Австрија, Ерменија, Хрватска и Романија така што нашиот судија според она што го покажал на трите отсудени натпревари има големи шанси да суди во полуфиналето или дури и финалето на европското првенство.

/М.М/

Се вчитува...