Младиот македонски судија, интернационалецот Игор Стојчевски, кој чекор по чекор се пробива на меѓународната сцена, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одрен за главен судија на мечот од плејофот во Конференциската лига меѓу Жалгирис од Литванија и унгарскиот шампион Ференцварош кој ќе се одигра во Вилнус на 24. август. Ќе му помагаат Даниел Василевски и Куштрим Лика, четврти судија ќе биде Јован Качевски.
Пред три недели Стојчевски беше главен судија исто така во Конференциската лига меѓу Пјуник од Ерменија и Калмар од Шведска.
Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампионите ја елиминира Струга Трим Љум со 2-1 и 0-0. Ференцварош во квалификациите за Лигата на шампиони беше сензационално елиминиран од првакот на Фарски Острови.
Ќе патува и Комесарот за безбедност и интегритет во ФФМ , Роберт Марковиќ кој ќе се грижи за безбедноста на натпреварот во плејофот од Конференциската лига меѓу францускиот клуб Лил и Ријека кој се игра на 24. август. Пред три недели во Солун, Марковиќ беше задолжен за безбедноста на средбата меѓу Арис и Динамо Киев.
/М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА