Игор Стојчевски ќе суди во Ерменија

Нашиот млад и перспективен меѓународен фудбалски судија Игор Стојчевски од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија на квалификационата средба за настап на Европското првенство меѓу Ерменија и Финска, фубалери до 21 година што ќе се одигра во Ереван на 6 септември. Ќе  му помагаат Куштрим Лика и Даниел Василевски. Четврти судија ќе биде Јован Качевски.

Во текот на изминатиот месец беше ангажиран и раководителот за безбедност и интегритет на Фудбалската федерација на Македонија Роберт Марковиќ кој се грижеше за безбедноста на  мечот од Конференциската лига меѓу израелскиот Хапоел Бер Шева и Млада Болеслав од Чешка. Овој меч од безбедносни причини се играше во бугарскиот град Ловеч.

М.М

Се вчитува...