Игор Стојчевски ќе суди во Ерменија, Пројковска единствена судијка во Македонија со ВАР лиценца

Младиот македонски фудбалски судија, Игор Стојчевски, кој ги прави првите големи чекори на меѓународната сцена и кој со голем успех го отсуди финалето за Купот меѓу Струга Трим Љум и Македонија Ѓ.П доби нова задача од  Судиската комисија на УЕФА . Тој ќе биде главен судија на реванш квалификациониот меч во Конференциската лига на Европа во Ерменија меѓу домашниот Пјуник и шведскиот претставник Камнар. Ќе му помагаат Куштрим Лика и Слаѓан Марковски, четврти судија ќе биде Александар Груевски.

Натпреварот ќе се одигра на 3 август во Ереван. Во првиот меч во гости Пјуник победи со 2:1.

Како што порано објавивме, тројцата меѓународни судии од Македонија Александар Ставрев, Игор Стојчевски и Јован Качевски успешно го положија тестот по кој добија лиценца за ВАР судии, нив им се приклучи и Ива Пројковска, која е единствена во Македонијамеѓу женските судии,што ја има лиценцата за ВАР судија.

/М.М/

Се вчитува...