Игор Стојчевски ќе суди во Франција

И во декември нема одмор за македонските претставници во УЕФА на меѓународните натпревари што е јасен доказ дека добро ја извршуваат работата. Еден од најангажираните е интернационалниот судија Игор Стојчевски, кој речиси само што допатува од Италија, а веќе отпатува за Франција каде ќе го суди мечот во младинската Лига на шампиони меѓу Нант и израелскиот клуб Макаби Хаифа. Ќе му помагаат Куштрим Лика и Кристијан Џонов.

Ангажирани се и нашите контролори, Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Мечкаровски ќе го контролира судењето во групната фаза во Лига на Европа меѓу Селта Виго и Болоња, додека Јакимовски во Полска е задолжен да го оцени судењето во групната фаза во Конференциската лига меѓу Лех Познањ и Мајнц.

Ќе патува и претседателот на Натпреварувачката комисија на ФФМ Васко Дојчиновски во Ерменија каде ќе  биде делегат на мечот  во Ереван меѓу клубот Ноа и Легија од Варшава во рамките на Конференциската лига. Сите натпревари се играаат на 10 и 11 декември.

М.М.

Се вчитува...