Игор Тудор официјално ќе го води Лацио

Лацио официјално доби нов тренер во името на Игор Тудор, кој доаѓа на местото на Маурицио Сари кој поднесе оставка после поразот од Удинезе и после елиминацијата од Лигата на шампионите.

И покрај одличното второ место минатата сезона, во оваа сезона „сините“ од Рим не пружаат партии какви се очекува, па од тука Сари се реши да се повлече, а еден ден потоа раководството ја прифати неговата оставка.

Тудор откако ги договори сите детали, вечерва пристигна во Рим, и од утре ќе го презеде кормилото на Лацио. За Тудор ова ќе биде четврт клуб во Италија, откако претходно работеше во Удинезе и Верона, а беше дел и од стручниот штаб на Јувентус. Последен ангажман му беше Олимпик Марсеј, а беше тренер и на Галатасрај, Хајдук, Карабукспор и ПАОК.

Се вчитува...