Игор Тудор останува во Јувентус

Игор Тудор добива нов едногодишен договор од Јувентус како награда за одличните месеци поминати во торинскиот клуб кој успеа да го препороди и да му донесе ново учество во Лигата на Шампионите со триумф во последниот натпревар од сезоната.

Хрватскиот стратег го превзема славниот италијански клуб од Тијаго Мота во месец март и успеа да ја спаси сезоната. Неговиот договор важеше до крајот на Светското клупско првенство кое завршува на средина на месец јуни, но како награда ќе го предводи тимот и во сезоната 2025/26 со нови поголеми амбиции.

Желба на раководството беше на клупата да го врати Антонио Конте, но откако Италијанецот го продолжи договорот со Наполи раководството на клубот се определи да го задржи искусниот стратег.

Се вчитува...