Игор Тудор повеќе не е тренер на Тотенхем откако лондонскиот клуб преку соопштение ја официјализираше разделбата од хрватскиот стратег.
Тудор требаше да биде спасител на „спарси“ откако дојде на местото на Томас Френк, но Хрватот се покажа како апсолутно разочарување, тимот под негово водство нижеше порази, единствениот бод во Премиер-лигата освојувајќи го на гостувањето против Ливерпул.
Домашниот пораз од Нотингем Форест пресуди тој да добие отказ, но шокантната смрт на таткото на Тудор на денот на натпреварот беше причината што оваа одлука беше одложена за една седмица.
Тотенхем сепак денеска објави дека ја прекинува соработката со Тудор, со кого заедно клубот го напуштаат и неговите помошници Томислав Рогиќ и Рикардо Рањачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

