Екс-играч на Арсенал заврши во затвор поради педофилија

Поранешниот играч на Арсенал, Тајрел Робинсон почна да ја издржува затворската казна поради педофилија. Поранешниот талент на лондонскиот клуб, кој играше на позициите лев бек и лев играч за врска, од судот му е изречена казна од три и пол години, а сето ова е заради имањето секс со неколку малолетни девојчиња.

Овој фудбалер, кој никогаш не играше за првиот тим на Арсенал, во својот стан поканил три девојки во летото 2018 година, а таму ги дочекал заедно со неговиот пријател Кори Берман.

Забавата започнала со алкохол и пиење, а продолжила со сексуални односи помеѓу фудбалерот и млада девојка која имала само 14-години, Тајрел потоа дури и го фотографирал својот пријател за време на „сексот“ со другите две девојчиња. На крајот, сето тоа го објавил на социјалните мрежи!

По овој голем скандал се активирала судската постапка во која Робинсон доби три и пол години затвор, а неговиот пријател Берман, шест.

Тајрел Робинсон ги помина сите младински селекции на Арсниал, а клубот го напушти во 2017 година, кога имаше 20 години. За тимот на Брадфорд Сити забележа 23 настапи и постигна три гола, но тоа беше и крајот на неговата кариера.

Се вчитува...