Играч на Атлетико „зовре“ па тргна да се тепа со своите навивачи (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид  се „сопна“ на стартот на новата сезона. Иако имаа победнички старт од 3-0 против Гетафе, во второто коло се „сопна“ од Вилјареал, кој што славеше на Ванда Метрополитано со 0-2 со головите на Пино и Морено.

Вечерта ја одбележа скандалот кој го направи играчот на Атлетико, Марио Хермосо. Нервозните навивачи на домашниот тим по завршувањето на натпреварот не штедеа критики кон своите играчи, а Хермосо не можеше да се воздржи.

Тој ги загуби нервите и тргна да се пресметува со навивачите. Ја прескокна оградата која ја дели теренот и трибините, беше подготвен и да ги удри провокаторите, но некако успеаја да го смират.

Членовите на стручниот штаб и редарите откако видоа што се случува, успеаја да го спречат во намерата и да го вратат на теренот, додека на стадионот брзо се појавила и полицијата која ги испрати незадоволните навивачи.

Се вчитува...