Играчот на Барселона, Ламин Јамал беше стартер на мечот против Порто во 2. коло во Лигата на шампионите, а неговиот тим славеше триумф од 0-1.
Нормална партија на младиот играч, а во 71. минута ретко кој примети што се случи со овој фудбалер. Јамала во 71. минута го напушти теренот, а го немаше девет минути, по што тренерот Чави се реши да го смени и да го воведе Маркос Алонсо во 80. минута.
Подоцна беше објаснето зошто Јамал го напуштил теренот, а тоа била потреба на играчот да оди во тоалет. Чави откако увиде дека долго време го нема, се реши да го смени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА