Играч на Барселона ноќта ја мина во болница во Билбао

Фудбалерот на Барселона, Нелсон Семедо, ноќта ја помина на интензивното одделение во болница во Билбао откако се здоби со повреда на главата на последниот меч од сезоната во Ла Лига против Еибар на стадионот „Ипуруа“. Тој се повреди во дуел со напаѓачот на Еибар, Сержи Енрич и кусо беше во бессознание, но успеа да го доигра првото полувреме, по што беше заменет со Муса Ваг.

Медицинскиот тим на Барселона реагираше брзо и Семедо беше одведен во болница во Билбао, каде го задржаа во текот на ноќта. Тој најверојатно во текот на денешниот ден ќе добие дозвола да замине дома, а се уште не е познато дали ќе биде способен за настап во финалето на Купот на Шпанија против Валенсија, на 25 мај.

 

Се вчитува...