Откако стана јасно дека Чави не смета на играчот од средниот ред Франк Кеси, фудбалерот се реши да си бара нова средина. За него имаше интерес од неколку клубови, сакаше да го врати Милан, потоа заинтересиран беше и Јувентус, но и Тотенхем. Но, овој фудбалер се одлучи да ги прифати саудиските „милиони“.
Според најновите информации, Кеси веќе ја прифатил понудата на Ал-Ахли, и ќе оди во овој клуб, бирајќи ги „милионите“ пред славата и настапите во Европа.
Барселона од саудискиот клуб треба да добие 15 милиони отштета, што ќе биде во плус, со оглед дека го ангажираше овој играч минатата сезона како слободен од Милан. Во изминатата сезона одигра скромни 1797 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

