Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Бајно-Гитенс, во иднина нема да се презива така. Тој се реши да го смени презимето и ќе се презива само Гитенс, без додавката Бајно.
Англичанецот се реши на ваков чекор поради неговото долго презиме, и поради тоа што не го распознаваат. Па за да им биде полесно на сите, во иднина ќе се пишува Џејми Гитенс.
20-годишниот фудбалер на „милионерите“ пристигна во Дортмунд од младинските школи на Манчестер Сити, и важи за еден од најдобрите млади играчи на германскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА